Се одржа првиот фестивал на лубениците „Љуботен 2018“

Лубеници, дињи, специјалитети карактеристични за скопското село Љуботен, ама и богата културно – уметничка програма ги развесели присутните кои и се насладуваа од плодовите на Фестивалот на лубеницата „Љуботен 2018“ којшто се одржа за првпат. Четиринаесетмина производители на манифестацијата изложија дел од плодовите карктеристични за овој период на летото, за што добија признанија и благодарници.

Градоначалникот Велимир Смилевски  вчера ја отвори манифестација со која се слават летните слатки и освежителни плодови типични за Општина Бутел, лубениците и дињите, рече дека фестивалот заслужува да стане традиција во наредните години, а содржините да добиваат на квалитет.

„Надалеку се познати благите лубеници и медените дињи, никнати и одгледани на нивите во Љуботен и пошироко на територијата на Општина Бутел“ рече меѓудругото Смилевски.