Се затвори Македонско село поради економска неисплатливост

Македонско село од утре повеќе нема да работи, соопштија од менаџментот на комплексот.

„Ве информираме дека менаџментот на Комплексот Македонско Село донесе одлука за затворање на Комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток). Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, стои во нивното известување на „Фејсбук“.

Концесионерот на комплексот, „Тинекс“ во изјава за Независен весник информираа дека причината за затворањето е тоа што работењето не било економски исплатливо.