Семејството на девојчето што се удави во Вардар ќе добие 300 илјади денари

Советот на општина Гостивар донесе одлука за доделување на еднократна парична помош на семејството на Џејха Меџити, од гостиварско Здуње, која минатата недела го загуби животот во водите на Вардар.

Одлуката беше ставена како дополнителна точка на дневниот ред на денешната седнциа на барање на градоначалникот на општината Абен Таравари. По кусото образложение, предлог одлуката едногласно беше поддржана од сите членови на советот. Семејството Меџити ќе добие 300 илјади денари од општинскиот буџет.

Седумнасетгодишната Џејха Меџити, минатиот понеделник при обид да се одбрани од куче бездомник падна во водите на Вардар и се удави.