Села предложил нов министер за здравство

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села денеска изјави дека од партијата доставиле предлог на премиерот Зоран Заев за нов министер за здравство.

-Ние веќе доставивме предлог за министер до премиерот Заев. Јас очекува тоа име наскоро да се најде на гласање пред пратениците во Собранието, изјави Села.