Седница на Владата на РМ, законски решенија на МФ, МТСП и МТВ

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 111. седница на која се повеќе законски решенија предложени од Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика, како и предлог одлуки од Министерството за транспорт и врски.

Министерството за финансии предлага Владата да се произнесе во врска со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва, како и за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.

На денешната седница на Владата на РМ ќе бидат презентирани и информациите за подобрување на справувањето со нефункционалните кредити и за поттикнување на употребата на локалната валута, со Предлог – стратегија за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити и Предлог – стратегија за денаризација на Република Македонија, и информација за усвојување на Национална стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во Република Македонија 2019 – 2022 година, со текст на Национална стратегија и Акциски план за спроведување.

Министерството за труд и социјална политика, како што соопштува владината прес служба, за денешната седница ги достави Предлог – законот за социјалната заштита, Предлог – законот за социјална сигурност за старите лица, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата

Министерството исто така на седницата за доненсување одлука ги предлага и Предлог – програмата за изменување на Програмата за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2018 година, Предлог – програмата за изменување на Програмата за условен паричен надоместок за средно образование за учебната 2018/2019 година, и Предлог – програмата за изменување на Програмата за изградба, опремување и одржување објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2018 година.

На денешната седница на Владата ќе се најде и Предлог – одлуката за распределба на средства за проектите: Изградба на улици и патишта во општина Липково и Изградба на пристапен пат до археолошки локалитет Тауресиум, општина Зелениково, на предлог на Министерство за транспорт и врски