СДСМ: Што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за нелегалното прислушување?

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат што знаеле за нелегалното прислушување, бараат од СДСМ.

„Денес, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ лицемерно глуми загриженост за опрема за прислушување во Јавното обвинителство поставена уште во 2013 година, кога токму таа партија имаше апсолутна власт во државата. Наместо да прераскажуваат недолични фрази на Груевски, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски треба да одговорат за нивната улога и дејствијата во нелегалното прислушување, особено за информациите кога оваа опрема била инсталирана“, соопштија од СДСМ.

Од владејачката партија велат дека ќе има одговорност за сите вмешани во овој скандал.