СДСМ: Црниот понеделник не смее да се повтори

СДСМ потсетува дека денешниот датум, 24 декември, ќе останува врежан како еден од црните денови за демократијата во Македонија.

„Никола Груевски и фамилијата пред очите на целокупната јавност, преку злоупотреба на полицијата во законодавниот дом ја погазија демократијата брутално исфрлувајќи и тепајќи новинари и пратеници. Таквите долгогодишни политики на сеење страв и омраза од страна на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кулминираа со упад и насилство во Собранието на 27 април годинава. Граѓаните ги препознаа деструктивните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа го казнија нивното насилничко однесување, избраа промени, заедништво, нови одговорни власти кои работат во интерес на Македонија и нејзините граѓани“, се вели во нивното соопштение.

Според нив, принципот на едно општество, меѓусебното почитување и соработка се гаранција дека таквите денови се дел од темното минато и не смеат веќе никогаш да се повторат.