СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех за почеток на преговорите во јуни 2019

Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех. Се поочигледна е неразбирливата нервоза за постигнатиот успех на Македонија којашто се манифестира во нивните изнесени лажни вести и измислици. Македонија доби кристално чист датум и утврден пат за подготовка за преговорите кои ќе започнат во јуни 2019, се вели во соопштението на СДСМ.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека од „заробена држава” Македонија успеа да се врати на вистинскиот пат, на евро-атлантскиот пат на иднината и затоа очајно се обидува да ја манипулира јавноста. Лажните вести, неаргументираните обвинувања и манипулации се единствената стратегија на опозициската партија којашто треба да се присети на уште еден дел од заклучоците на Советот на министри на ЕУ којшто зборува за „судските реформи и проактивните истраги, обвиненијата и конечните пресуди во случаите на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво“. На ВМРО-ДПМНЕ треба да му биде јасно дека Македонија тргна напред и враќање назад нема“, се наведува во соопштението.