СДСМ: Нема поголем криминал од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Не постои поголем криминал во историјата на Македонија од 11 годишното коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на криминал и неспособност, соопштија од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ најбогатата партија во Европа со имот вреден 60 милиони денари секојдневно шири лажни вести и измислици, глумејќи загриженост за граѓаните, истите оние граѓани кои 11 години ги крадеше, осиромашуваше и задолжуваше додека врвот на партијата енормно се богатеше. ВМРО-ДПМНЕ очајно и залудно се обидува преку лаги да прикаже незаконско работење онаму кадешто го нема. Опозициската партија треба да знае дека единствените крадци се оние кои од државата извлекоа милијарди евра и ги внесоа во оф шор компании на Белизе и други егзотични локации, но треба да знае и дека се она што било стекнато на нелегален начин ќе биде вратено назад во Буџетот од кадешто е и украдено“, се вели во соопштението.

Од партијата додаваат дека „наместени тендери, договорени провизии и масовно крадење на парите на граѓаните беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа време заврши. Денес средствата од Буџетот се користат рационално и одговорно и не се делат по партиска или семејна линија, како што тоа со години го правеше ВМРО-ДПМНЕ“.