СДСМ: Мицкоски е предавник на највисоките национални интереси

Со денешното однесување, Мицкоски покажа дека не успева и не сака да го препознае моментот. Наместо иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски избра да остане во темното минато, на страната на криминалот, изолацијата, темнината. Тој сака и граѓаните да останат во темнина, се вели во соопштението на СДСМ.

„Денеска, по лидерската средба се стана јасно. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека им бил важен изборот на ДИК со двотретинско мнозинство. Лажеа дека сакаат во ЕУ и НАТО, лажеа дека сакаат правна држава и референдум на кој граѓаните ќе одлучат. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаа една и единствена цел – амнестија на криминалот по секоја цена. Дури и по цена да нема референдум, доколку нема амнестија. ВМРО-ДПМНЕ партијата што една децеција заговараше рефернедум, денеска избега од таквата обврска. Мицкоски вели дека сака во ЕУ и НАТО, а не поддржува ниту еден чекор кон таа цел“, се наведува во соопштението.

Според СДСМ Мицкоски е противник на НАТО и ЕУ и со тоа покажува дека е предавник на националните интереси на Република Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја испуштија шансата да застанат зад македонските национални интереси. Отсега па натаму историјата ќе им суди на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Како парламентарно мнозинство имаме обврска да ја обезбедиме иднината на нашата држава и тоа ќе го направиме. ВМРО – ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина. Ќе победи волјата на граѓаните! Македонија ќе усппее. СДСМ со сите сили и со сите политички партии кои се на страната на НАТО и ЕУ ќе овозможи да победи волјата на граѓаните“, стои во соопштението.