Свечена церемонија пред владата за поставување на знамето на НАТО

Знамето на НАТО ќе биде поставено утре пред зградата на македонската влада, откако земјите членки на овој сојуз, преку своите амбасадори во алијансата, минаатата среда го потпишаа во Брисел пристапниот Протокол за нашата земја. По повод подигнувањето на знамето на НАТО, на платото пред владата утре претпладне ќе се одржи свечена церемонија, на која ќе има обраќање премиерот Зоран Заев. Се очекува присуство на македонски официјални претставници, како и на претставници од штабот на НАТО во земјава и на амбасадори од земјите членки во овој сојуз.
На утрешната седница, владата треба да го усвои и акцискиот-план за спроведување на уставните амандмани што произлегоа од Преспанскиот договор, по што ќе почне примената на новото уставно име на државата Република Северна Македонија.