САД ставија вето на резолуцијата во врска Ерусалим во Советот за безбедност

САД ставија вето врз нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која се одбива неодамнешното признавање од страна на американскиот претседател Доналд Трамп на Ерусалим како главен град на Израел и неговите планови за преместување на американската Амбасада во градот.

Ветото на САД беше најавено од американскиот амбасадор во ОН, Ники Хели, неколку часа пред гласањето.

Заедно со Велика Британија, Франција, Русија и Кина, САД е постојана членка на Советот за безбедност на ОН, со моќ да блокира резолуција со употреба на вето.

Текстот изготвен од Египет го повтори ставот на ОН за Ерусалим дека „сите одлуки и дејства што се менуваат, карактерот, статусот или демографскиот состав на Светиот град Ерусалим немаат правно дејство, се ништовни и неважечки и мора да бидат решавани во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност “.