САД и Русија се закачија околу загадувањето во Скопје

Руската амбасада во Македонија, преку нивниот Твитер профил, одговори на американската амбасада со предлог за прочисување на воздухот во Скопје.

– Додека нашите пријатели од американската амбасада во Македонија бараат предлози за намалување за загаденоста, ние сакаме да предложиме решение. Турски тек, се вели во твитот на руската амбасада.

Претходно, Амбасадата на САД во Македонија изрази загриженост поради големата загаденост на воздухот во Скопје и во земјава.Во својата објава на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ од aмбасадата прашаа „кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија“.

„Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ напишаа од Амбасадата на САД на „Фејсбук“ и на „Твитер“.