Рот: Добро е што Унгарија ги отвори вратите за белгалците

Германскиот министер Михаел Рот го искоментира бегството на екс премиерот Никола Груевски во Унгарија и барањето азил таму.
„Унгарија ги отвори своите врати за бегалци. Неверојатно…“, напиша Рот на Твитер споделувајќи вест за барањето азил, шегувајќи се со политиката на унгарскиот премиер Виктор Орбан кој не сака да се приклучи на политиката за миграција на Европската Унија и не ги прима бегалци.