Роналдо: Во фудбалот нема место за расизам

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Ронало му искажа поддршка на дефанзивецот на Наполи, Калида Кулибали кој на вчерашниот натпревар со Интер беше изложен на расистички навреди од навивачите на миланскиот клуб.

-Отсекогаш верував дека во светот и во фудбалот ни е потребна едукација и почит. Нема место за расизам и никаква форма на навреда или дискриминација во фудбалот! – напиша Роналдо на Инстаграм.

Претходно, тренерот на “Наполи” Карло Анчелоти рече дека следниот пат кога ќе се повторат таквите инциденти, тимот може да го напушти теренот.