Романскиот министер за европски прашања на средба со Османи

На покана од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска е во посета на Македонија е романскиот министер за европски прашања Џорџе Чамба, во пресрет на преземањето на Претседателството со Советот на ЕУ од страна на Романија од 1. јануари 2019 година.

На средбата ќе бидат отворени темите за предизвиците со кои се соочува Македонија на патот кон членството во ЕУ, како и улогата на Романија, особено за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ во првата половина од наредната година.