Рац: Нема докази дека има закани по животот на Груевски во Македонија

Унгарскиот политички аналитичар Андраш Рац од „Политикал Капитал“ во интервју за Евроњуз изјави дека нема докази дека животот на Никола Груевски е под закана ако биде вратен во Македонија.

-Нема никаков јавно достапен доказ кој го поддржува тврдењето на унгарската влада дека животот на Груевски би бил во опасност ако е вратен, не сме виделе никаков јавен доказ за такво нешто, посочува тој.

Аналитичарот Рац вели дека легално унгарската влада има право да му одобри азил на поранешниот премиер.

-Меѓутоа ова барање за азил беше процесуирано со извонредна брзина и важно е да се каже дека самиот Груевски беше шверцуван низ цел Балкан од унгарските дипломатски служби, објаснувајќи го начинот на кој Груевски пристигнал до Будимпешта откако ја преминал албанската граница, оценува Рац.

Целиот процес е невообичаен и контрадикторен како за интересите на Унгарија како земја членка на ЕУ и НАТО, така и за билатералните односи со Македонија, вели унгарскиот аналитичар.