Протест на пазарџиите против новиот закон за зелени пазари

Пазарџии денеска во Скопје протестираат против новиот Закон за зелени пазари со кој се бара тие да имаат лиценци за работа.

Тие го блокираа булеварот кај Битпазар, а се протестира и пред Собранието на Република Македонија.

Според законот, лиценците за тезгите ќе чинат 3.600 денари, а за втора тезга ќе треба да доплатат уште 2.400 денари. Пензионерите нема да можат да работат на пазарите.

Фото: Борис Грданоски