Протестен марш денеска во Скопје: Отровот е опасен и за животните и за луѓето

Протестен марш ќе се одржи денеска во 13 часот со појдовна точка од пред Собранието на Република Македонија. Протестот е со цел да се изрази незадоволство поради масовно труење на животни, а исто така и опасноста од отровот по човековиот живот.

„Најпрво да се напомене дека: Членовите и подржувачите на овој настан најстрого ги осудуваат немилите напади од страна на кучиња кои се случија и се случуваат! Тоа не значи дека некој треба да си дозволува да си ја зема правдата во свои раце и да ги труе невините животинки. Град Скопје треба да вложи во подобрување на условите и негата во Вардариште, а потоа проблемот со кучињата да биде соодветно решен. Мора да престане легалното продавање на отрови и насилството врз животни да биде казниво. Човекот како најителигентно суштество во ланецот на исхрана многупати го докажувал спротивното, еве сега шанса да си го оправдаме поимот “луѓе”. Светот не е само на човечката раса“, велат организаторите.