(ВИДЕО) Груевски на чело на протестниот конвој на ВМРО-ДПМНЕ

Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ со своите возила попладнево во Скопје одржаа протестен конвој, во знак на поддршка на притворените за настаните од 27 април годинава во Собранието.

Конвојот, како што беше најавено, тргна од пред спортската сала „Јане Сандански“ во населба Аеродром и заврши пред зградата на Основниот суд Скопје 1.

Во едно од возилата на протестниот конвојот беше и партискиот лидер во оставка Никола Груевски.