Пронајден починат маж во Гевгелија

Вчера во 13.20 часот, било пријавено дека во стан на улица „Сава Михајлов“ во Гевгелија, бил пронајден починат И.И.(57) од село Дедино, бeз траги на насилство, информираа денес од СВР Струмица.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.