Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот, седници на уште две комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат и комисиите за култура и за труд и социјална политика.
На дневен ред на Комисијата за култура се Предлог законот за дополнување на Законот за аудиовизуелни добра, во второ читање, како и Извештај на Работната група на Комисијата за посетата на институциите од областа на културата.
Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа за измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во второ читање.