Продавач на сладолед од Пакистан стана несуден милијардер
Пакистанскиот продавач на сладолед Мухамед Абдул Кадир стана милијардер без да е свесен за тоа.
Тој бил жртва во случај на измами со отворање лажни банкарски сметки, а една била отворена на негово име со копија од неговата лична карта.
Продавачот на сладолед дури откако бил приведен од страна на пакистанските власти дознал дека на сметката има 2,3 милијарди пакистански рупии, односно околу 15 милиони евра.
Нему му било соопштено дека е дел од голема истрага за перење на пари.
– Јас сум најнесреќниот човек на светот. Само што дознав дека имам многу пари, а нив веќе ги нема, истакна Кадир за локалните медиуми.
Кадир се пожалил дека откако станал несуден милјардер соседите го исмевале, а воедно повеќе не се чувствувал безбедно.
Продавачот на сладолед на крајот е ослободен од обвиненијата, иако сметката е отворена со користење на копија од валидна негова лична карта, сепак тој не умее да пишува