Притвор и за Борис Дамовски и Владо Јовановски

Кривичниот суд во Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и им одреди мерка притвор од 30 дена на уште две лица за настаните во македонското Собрание од 27 април.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинителството и решенијата на судија на претходна постапка ги преиначи на начин што е уважен предлогот на обвинителството за определување мерка притвор и на осомничените Б.Д. и В.Ј. им определи мерка притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението.

За останатите осомничени опфатени со истиот предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за кој судија на претходна постапка им определи мерка притвор, Кривичниот совет ги потврди решенијата