Претседателот Иванов се сретна со Мицкоски, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, му го честитал изборот на Мицкоски и му посакал успех во вршењето на функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Иванов изразил очекување дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, активно ќе дава придонес во процесите за остварување на стратешките цели на државата, како и за зачувувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија.