„Предреферендумски манифест“ на Заев

„Јас сум Македонец и ве повикувам сите -Македонци, Албанци Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други, ама сите – да кажеме да на нашата иднина“.
Ваков повик, во духот на Крушевскиот манифест, а напишан на македонски и на албански јазик, објави синоќа премиерот Зоран Заев, на својот фејсбук профил.

Со оглед на тоа, што Заев ги повикува сите етнички заедници во земјава да кажат „да“ за иднината, овој повик се толкува како вовед во кампањата за престојниот референдум за името.

Според најавите, референдумот би требало да се одржи најдоцна во почетокот на октомври, што значи дека се очекува да биде распишна во втората половина на јули.