Предлог-законот за обезбедување надомест за 1.600 стечајци доставен до Собрание

Предлог-законот за обезбедување надомест за уште 1.600 стечајци доставен е од Владата до Собранието на Република Македонија, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната 82. седница.

– Владата на 82-та седница го усвои Предлогот на Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата  за да се овозможи правото на материјално обезбедување да се оствари без разлика дали работниот однос склучен по користењето на паричниот надоместок по основ на невработеност, бил на определено или неопределено време и дали престанал е по волја и вина на работникот, стои во соопштението.

На овој начин, како што посочуваат од Владата, ќе се овозможи материјално да бидат обезбедени дополнителни 1.600 невработени лица.

Владата на денешната сдница ја усвоила и Информацијата за состојбата со правичната застапеност на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) на РМ и ја задолжила УЈП да изготви план за подобрување на состојбата на правичната застапеност на вработените во УЈП преку преземање на одреден број на вработени од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор согласно квалификациите и согласно донесената одлука на Влада на РМ, како и да изготви  акциски план за да се спроведе подобрување на правичната застапеност на вработените.