Пратениците Тарчуловски, Василевски и Арнаудов остануваат во притвор

Апелацискиот суд Скопје на денешната затворена седница ги одби како неосновани жалбите за изречениот притвор на уште седуммина осомничени за тероризам и уставно загрозување, во врска со настаните од 27-ми април 2017 година во македонскиот Парламент.

Според оваа одлука, Иван Цветановски, Абдуљафет Алими, Љубен Арнаудов, Јане Ченто, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Елена Доцевска остануваат во притвор.

– Апелацискиот суд по одржаната нејавна седница на ден 15.01.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година и тоа за обвинетите Иван Цветановски, Абдуљафет Алими, Љубен Арнаудов, Јане Ченто, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Елена Доцевска, се наведува во соопштението од скопска Апелација.

Во петокот, на 12 јануари, Апелацискиот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите за изречените мерки притвор на единаесет лица осомничени за насилството во Собранието на 27 април 2017 година.

Апелацискиот суд по одржаните седници на 11 и 12 јануари, соопшти дека се одбиени жалбите на обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски и Илија Славковски