Пратениците заминуваат на продолжен одмор

Пратениците заминуваат на годишен одмор откако вчера го распишаа референдумот. Одлуката за распишување на референдумот, како што соопшти претседателот на парламентот Талат Џафери веднаш е објавена во Службен весник и веќе е стапена на сила.

Останува уште дел од пратениците да ги завршат обврските околу одбележувањето на 2 август и потоа може да заминат на летување.

Собраниската „ферија“ ќе трае до 20 август. Но, со оглед на тоа што и 21 и 28 август се неработни денови не се планирани некои посебни активности.

Парламентот ќе ги замрзне активностите и во периодот од 10 до 30 септември, односно за време на референдумската кампања.

А.М.М.