Пратеникот Мукоски приведен во Суд

Со лисици на рацете, предмалку во скопскиот Кривичен суд беше приведен пратеникот Крсто Мукоски. Тој е еден од 36 лица, за кои што Основното јавно обвинителство соопшти дека ги гони за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Меѓу приведнеите, покрај пратеници, има и актери, уметници и лица од јавниот живот. Тие се сомничат за настаните од Собранието на 27 април.