Поради одрон во целосен прекин сообраќајот на патот Маврово-Дебар

На магистралниот пат А2, патен правец Маврово –Дебар, пред село Жировница, од 02:30 часот поради голем одрон сообраќајот е во целосен прекин, информираат од ЈП Македонија пат.

Екипите ЈП Македонија пат работат на рачистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Поради одрон сообраќајот наизменично се одвива на регионалниот пат Р 1202, Маврово – Дебар кај местото Сенечки.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози. Слаб дожд врне низ целата Република.

Намалена видливост поради магла до 50 метри од крак Маврово до Стража. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.