Попладнево се очекува седница за референдумот

Се очекува поопладнево, најверојатно по 15 часот да почне седницата во парламентот на која ќе биде донесена одлуката за распишување на референдумот.

Координацијата кај спикерот Талат Џафери заврши предмалку и според информациите се чека пратениците од мнозинството да ја поднесат предлог-одлуката во собраниската архива за Џафери да може да ја закаже седницата.

Сите пратенички групи, освен таа на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната координација се усогласиле референдумот да се одржи на 30 септември, а гласачите ќе одлучуваат по прашањето што го објави премиерот Зоран Заев –
„Дали сте за членство во НАТО и во ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција?“.

Референдумот ќе биде за конасултирање на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ според информациите ќе учествува на седницата и ќе гласа против.

Големи се шансите седницата да биде завршена денеска.

 

А.М.М.