Полицаец во последен миг се спасил од автобусот на смртта

Припадник на МВР во последен момент ѝ побегнал на смртта, кога се симнал од автобусот на „Дурмо-турс“ пред тој да се преврти на автопатот Скопје-Тетово . Полицаецот вчера попладне, по завршувањеето на работната смена, се качил во автобот што возел накај Гостивар , но се симнал набрзо зашто  имало многу патници.

-Во автобусот имало многу луѓе, па колегата се симнал на патарината на излезот од Скопје. Влегол во автомобил на пријател и со него го продолжил патот кон Гостивар, велат полицајци што беа на увидот  кај Ласкарци, на местото каде што се случи несреќата. (Г.А.)