Планирано исклучување на Блок 3 во РЕК Битола

РЕК Битола во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 3 поради отстранување на помал дефект, како и превентивна проверка со цел зајакнување на оперативноста на блокот, соопшти АД ЕЛЕМ.

Блок 3 ќе биде вратен во мрежа во следните неколку дена, а во меѓувреме РЕК Битола ќе продолжи со континуирано производство на електрична енергија од Блок 1 и Блок 2. Неработењето на Блок 3 ќе биде компензирано со другите производствени капацитети на АД ЕЛЕМ и ќе нема потреба од увоз на електрична енергија.

Од АД ЕЛЕМ истакнуваат дека во моментов произведуваат електрична енергија според планот и потребите на тарифните потрошувачи и сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство