Основачите на Инстаграм ја напуштаат компанијата
Основачите на популарната социјална мрежа Инстаграм, Кевин Систром и Мајкл Кригер, најавија дека се повлекуваат од компанијата.
Систром соопшти дека тој и Кригер ќе заминат од компанијата за споделување на фотографии и видео снимки во рок од неколку недели.
Моментно, Систром е генерален директор на Инстаграм, а Кригер е главен технички директор.
Фејсбук, компанијата која во 2012 година го презеде Инстаграм за милијарда долари, се уште не ја коментираше најавата на Систром и Кригер.