Османи за Лика: Заев и Ахмети ќе одлучат дали ќе го сменат

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи смета дека премиерот Зоран Заев и лидерот Али Ахмети ќе одлучат дали ќе го сменат Хазби Лика. Според него тие ќе одлучат дали треба да се прави реконструкција на Владата или измени во кадровските решенија.

-Сепак претседателите на политичките партии кои ја сочинуваат коалицијата имаат право да проценат за резултатите на Влада, на поединечни кадровски решенија или пак да понудат измени на тие кадровски решенија, ние сме министри предложени од овие политички лидери и ја завршуваме нашата работа согласно законот и ја реализираме програмата на Владата. На господинот Заев и на господинот Ахмети е таа одлука.

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика, со месеци не доаѓа на „Илинденска“ поради кавга со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Најавата на Заев дека одговорност треба да преземат оние кои земаат плата, а не одат на работа се смета за сигнал за можно разрешување на Лика од функцијата во владиниот кабинет, за што, пак, одлука треба да донесе Собранието.