Од утре почнува второто полугодие за учениците

Утре почнува втотото полугодие за околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња.

„Согласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги во предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух, Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната 2018/2019 година започнува утре, 23.1.2019 година и тоа за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во Република Македонија“ подвлекуваат од Министерството за образование и наука.