Од понеделник ќе се знае дали седиштето на ВМРО-ДПМНЕ останува без тераса

Неговиот претходник најави, но не успеаа да ја отстрани. Саша Богдановиќ, кој седна во градоначалничката фотеља во Општина Центар, ветува дека конечно ќе се справи со терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако општината утврди дека е дивоградба се соочуваше со опструкции и мешања од повиските инспекциски надзори за да се спаси од багерот овој дел од објектот, тврди Богдановиќ. Тој ој најави дека ќе бара и кривична одговорност од оние кои дозволиле да се гради терасата.

Мостот “Око“, “Градска куќа плус хотелот“, Споменикот “Мајка Тереза“ се први објекти за кои веќе се прави ревизија. Помагаат јавното обвинителство, полицијата и СЈО. Богдановиќ тврди дека е направен криминал, но засега не открива осомничени.