Одложено судењето за „Тврдина 2“

Судењето за случајот „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство денеска не се одржа бидејќи предметот треба да биде распределен на друг судија, откако судијката Гордана Спиревска минатата недела беше избрана за член на Судскиот совет.

Во случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК. На обвинетите им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Првото рочиште за предметот се одржа на 28 ноември 2016 година, а Кривичниот суд во ноември 2017 година ја објави пресудата, но во мај годинава скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата и ја врати на повторно судење затоа што не биле исполнети законските услови за судење во отсуство на Горан Грујевски.