Одложена најавената средба со Метју Нимиц

Само што беше најавена, веќе е одложена средбата на  претставниците на Грција и на Македонија со медиаторот Метју Ними, што требаше да се одржи на 20 или 21 ноември. Според потврдени информации долгоочекуваната средба ќе се случи во декември, а причините за одложувањето засега не се навестуваат од официјални извори.На средбата, што беше закажаna по долга пауза, според грчките медиуми, Нимиц требало да излезе со конкретен предлог за решавање на спорот.

Медиумите во Грција наведуваат дека „Атина очекува по победата на премиерот Зоран Заев на локалните избори и стабилизацијата на неговата Влада, од Македонија да продолжи со активностите на „добра волја“ со кои ќе покаже дека го напушта иредентизмот, како што се промената на името на Аеродромот во Скопје и отстранување на спомениците поставени во времето на Никола Груевски“.