Одбраната ќе поднесе жалба за притворот на Мијалков

Одбраната на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој синоќа беше притворен, најави дека во текот на денов ќе поднесе жалба, бидејќи смета дека без да се повика и сослуша обвинетиот е недозволиво да му се одреди мерка притвор.

– Законот за кривична постапка наведува дека секое лице мора да биде повикано и сослушано и после неговата изјава да биде одредена мерка притвор, изјави Антонио Апастолски, еден од адвокатите кои го браната Мијалков.

Појасни дека Мијалков е притворен со образложение дека постои опасност за бегство.