Обои се во портокалово: Подигни ја свеста против насилство врз жени и девојчиња!

Независен.мк се вклучува со поддршка за кампањата „Да го обоиме светот во портокалово: Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата“.

Затоа денеска на Меѓународниот ден за елиминација на родово базираното насилство (24 ноември) симболично се обојуваме во портокалова боја тука и на социјалните мрежи на нашиот медиум.

Годинешната кампања ќе трае 16 дена до 10 декември кој е Меѓународен ден на човековите права.

Во тој период ќе се одржат низа активности посветени на „Да го обоиме светот во портокалово: Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата“, кои што ќе опфатат осветлување на зградата на Парламентот во портокалово, лица од различни занимања што ќе постираат пораки против насилството за да ја покажат својата поддршка на социјалните медиуми, како и организирање низа дебати и работилници ширум земјата.

Портокаловата боја е избрана за ова прашање за да симболизира посветла иднина без насилство врз жените.