Облачно, со постепено разведрување

Претежно облачно време и разведрување носи временската прогноза оваа среда . Значаен пад на температурите . Минималните ќе се движат од -3°С и -0°С, а на повисоките места во западниот регион околу -7°С.

Максималната ширум населените места ќе достигне максумум околу 3°С а југоисточниот крај може да очекува температура со максимум околу 5°С

Скопје го очекува умерено облачно време претпладне, а попладне постепено разведрување.

Метеоролозите најавија температура со минимална вредност околу -3°С, а максимална вредност околу 3°С.

Во четврток дневниот максимум овие два дена би бил помеѓу 3°С и 5°С, односно околу 7°С на југоисток.

Преодно наоблачување очекуваме во последниот ден од работната недела. Од оваа облачност има изгледи за слаби и повремени локални врнежи, пред се во северниот регион.

Температурата ќе биде во пораст, пред се во поглед на минималната температура, која би била значајно повисока во однос на четвтрток.