Облачно, со врнежи од снег

Времето денеска ќе биде облачно, во западните делови уште во текот на претпладнето со врнежи од снег. Попладне, а особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава, а до утре претпладне снежна покривка ќе се формира насекаде низ земјава, особено на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, доцна попладне, а особено во текот на ноќта со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне околу 2 степена.

И утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Потоа следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури, додека дневните од петок ќе бидат во пораст.