Облачно, со врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, во западните делови пообилни (локално над 40л/м2). Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до седум степени, а дневната температура од пет до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до девет степени.

Во среда пообилни врнежи се очекуваат во источните делови каде локално ќе бидат поројни.