Облачно и потопло време, попладнево пак дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло со долги сончеви периоди. Попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а  дневната од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Попладне ќе има услови за врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Од недела ќе биде претежно сончево и топло, во попладневните часови со услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, главно во планинските подрачја.