Облачно и посвежо со врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни и за кратко време ќе наврне поголема количина на воден талог (околу 50 литри на метар квадратен за шест часа). Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 18, а  дневната од 12 до 22 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе предизвика претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд и ретки грмежи. Од целиот бран локално се очекува да наврнат и над 75 л/м2 дожд.

В петок и сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.