Обвинителството за организиран криминал истражува злоупотреби со палмите

Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал истражува кој и зошто одлучил да се набават африканските палми засадени во време на претходната владејачка гарнитура, а кои не ja преживеаја зимата. Иницијатива потекнала од пензионер од Скопје кој, со помош на институцијата nароден правобраниел, побарал да се истражи дали постои злоупотреба на службената должност во повеќе институции и од повеќе лица во набавката на палмите, кои, пак, се покажаа неадекватни за македонските климатски услови, пишува правосудство.мк.
Пензионерот пресметал дека само со набавка на палмите, буџетот е оштетен за близу 500.000 евра, а дека не се открило колку пари дополнително се потрошени за заштита на палмите.