Нормализиран сообраќајот на патот Кочани-Делчево-Берово

Нормализиран е сообраќајот за сите моторни возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМС).

Поради интензивни врнежи на снег денеска беше воведена и задолжителна употреба на зимска опрема за сите моторни возила на посочената делница.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и со врнежи од снег во североисточниот дел од земјата.