Новогодишна трка: Христијан Јованоски најбрз Дедо Мраз во Охрид

Христијан, Дејан и Јован се најбрзите дедомразовци оваа година во рамки на првата ваква трка, која се одржа денеска во Охрид во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.
„Сакам да го поздравам овој навистина убав настан што се одржува во нашиот град. Имам 18 години и на трката ме пријави мојата мајка. Сакам да ги поздравам одговорните во општината и град Охрид и порачувам овој настан да продолжи и во иднина“, порача победникот на трката Христијан Јованоски, кој доби на подарок таблет компјутер.
Втората награда, мобилен телефон ја освои Дејан Ангелоски, а третата, вечера за двајца Јован Јованоски.
Пред самата трка се одржа и богата музичка програма во Центарот на градот, во посебно изработената куќичка со настапи на младите музички ѕвезди од детските фестивалчиња и посебна програма на ученици од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид.
Дел од дедомразовците на денешната трка, ја поминаа патеката во знак на поддршка на лицата со ретки болести.